
Цел: Да се зголеми ефикасноста на процесот на рециклирање со дизајнирање на производи кои од самиот почеток би било возможно да се рециклираат.
Дизајнот на Opel за стратегија за рециклирање е елемент од одговорноста на нашиот производ. Има двојни цели за намалување на отпадот произведен во текот на производството на возилото а потоа намалување на отпадот при крајот на животниот век на возилото. Ова доведува до зачувување на драгоцен материјал и ресурси на енергија.
Нашата стратегија се заснова на два принципа:

За да се земат овие цели во предвид во текот на развојната фаза на производот , сите дизајнерски тимови во рамките на GM мора да ги следат препораките за Рециклирање/Повторно користење. Целта е да се подржат инженерите и доставувачите на GM во развојот на возила и компоненти каде може да се надградува рециклирањето. Процесот исто така им помага на инженерите да ги анализираат деловите , компонентите и возилата во однос на нивната можност за рециклирање и повторна употреба –кои делови може да се рециклираат кај дотраените возила.

Opel има долга традиција на користење на рециклирани материјали исто така познати како рециклирање. Повеќе од 130 видови на пластични рециклирани материјали се прецизирани и одобрени за употреба во производството.
Една од целите на Opel при рециклирање е да се зголеми употребата на количината на пластични рециклирани материјали.
Рециклираните материјали секогаш треба да имаат предност пред основните материјали ако нивната употреба е технички изводлива и економски исплатлива.
Исто така, рециклирани видови се произведуваат ексклузивно за одреден број на делови ( пр. линии кај браник, заштита при прскање, обвивка на моторот за украсување).
Нашиот тим за рециклирање напорно се труди да одржи висок квалитет на изглед и удобност, механичка и термална издржливост заедно со стандарди за перформанси.
Квалитетот никогаш не е оспорен
Навистина, таков е споредливиот квалитет на рециклираните и новите материјали што тие веќе не се само ограничени за „скриените делови“ туку се користат за многу видливи делови исто така.

Сликата може да прикажува додатна опрема.
