
Оваа веб страна (“Страната") е управувана од Opel Southeast Europe Kft. , компанија која е регистрирана според закони на Унгарија со главна канцеларија на адреса 2040 Budaörs, Szabadság út 117, Hungary во името на група поврзани компании кои дистрибуираат Opel возила во Европа (“Opel”). За целите на оваа веб страница, во своите правила и услови Opel ги вклучува General Motors Acceptance Corporation и нејзини партнерски компании.
ВАЖНА ПРАВНА ЗАБЕЛЕШКА: Ве молиме внимателно прочитајте ги овие услови пред да ја користите страницата бидејќи се однесуваат на вас. Користењето на оваа страница значи дека ги прифаќате условите без разлика дали сте одбрале да се регистрирате со Opel или не. Ако не ги прифаќате овие услови , не ја користете оваа страница.
Opel ја прави оваа веб страница достапна за сите корисници.
Информациите кои ги содржи страницата се разбирливи и точни. Ние ги задржуваме правата да вршиме промени на информациите за цена, бои, материјали, опрема, спецификации, модели и достапност во било кое време без претходна најава.Некои линкови ставени на оваа веб страница водат до страници опремени од независни сопственици. Opel и маркетинг агенциите на Opel немаат контрола ниту одговорност за содржината на независните страници и ја овозможуваат нивната достапност заради обезбедување дополнителни информации за посетителите.
1. Интелектуална сопственост
Сите материјали во рамките на оваа Страница се интелектуална сопственост на Opel. Содржината понудена според лиценцата на Creative Commons ќе биде целосно прегледана и употребата на таа содржина е одредена според посебната лиценца. Сите други материјали не смеат да бидат копирани или умножувани, имајќи во предвид дека истите се достапни онлајн. Како и да е можете да принтате целосни страници од веб страната за ваша лична употреба според следниве услови:
(a) не е дозволена било каква измена на документи или графика од веб страната;
(б) на страната не се користи графика одделно од соодветен текст; и
(в) Заштитниот знак на Opel или други забелешки се појавуваат во сите копии.
И покрај горенаведеното, Opel повремено може да ви даде можност да преземате позадини и други додатоци. Овие преземања се вклучени во дадените услови.
Се забранува секоја употреба на додатоците од Страната која не е во согласност со дадените услови. Материјалите на страната се внимателно прегледани и тестирани на сите нивоа. И покрај ова Opel препорачува да извршите скенирање против вируси пред употреба. Opel исто така препорачува да направите бекап на вашиот хард диск пред да го користите софтверот. Консултирајте го вашиот администратор на мрежи пред да преземете некои материјали на мрежен компјутер.
Доколку сакате да имате линк на Страната ова мора биде на домашната страна на Opel.
Opel настојува Страната да биде достапна 24 часа дневно, но нема одговорност доколку од било која причина или во било кое време Страната е неактивна.
Пристапот до страната може да биде привремено прекинат во случај на пад на систем, дефект или од други причини надвор од контролата на Opel.
Освен лично препознатливи информации кои се вклучени во полисата за приватност на Opel секој материјал кој се пренесува или прикачува на Страната ќе се смета за недоверлив и несоодветен. Opel нема обврски кон овие материјали. Opel и соработниците имаат право да го копираат, отстранат, дистрибуираат, вметнуваат или користат на било кој начин овој материјал или било кои надворешни податоци, слики, звуци, текст или додатоци за било какви цели.
Забрането е да се вметнува или пренесува било каков материјал од Страната со следнава содржина:
(a) заканувачка, обезвреднувачка, нечесна, навредлива, порнографска, злоупотреблива, сугестивна,содржина со навреди спрема друга раса, дискриминирачка, скандалозна, недоверлива, богохулна, содржина која ја нарушува приватноста или која може да предизвика немир и нетрпеливост; или
(б)за содржина за која ги немате сите потребни лиценци или дозволи: или
(в) која содржи или поттикнува однесување кое би се сметало за криминално, би се сметало за кршење на правата на граѓанска одговорност или не е во согласност со некој закон или ги крши правата на трето лице во било која држава; или
(г) која е технички штетна (вклучувајќи без ограничувања компјутерски вируси, логички бомби, вируси Тројан , штетни компоненти, или други штетни податоци и софтвер. Не смеете да ја злоупотребувате Страната (вклучувајќи хакирање, без ограничување)
Opel целосно ќе соработува со сите овластени лица или правни институции во процедура на разоткривање на лица кои вметнуваат недозволен материјал на Страната според параграф 4.
5. Точност на информации
Opel ќе настојува содржината на оваа Страна да биде постојано точна и ажурирана. Како и да е, заради променливоста на залихи на возила и промените во спецификации на возила, продуктите прикажани на оваа Страна може да се разликуваат од последните спецификации. Дел од опишаната или прикажана опрема може да биде достапна само во одредени држави или само со дополнително плаќање. Клиентите треба да ги проверуваат сите посебни карактеристики на возилото кога прават нарачка. Opel го задржува правото да ги промени спецификациите на продуктот во било кое време.
Секоја изјава на Страната е прикачена “како што е “ без било какви услови , гаранции или правила. Според ова , како што е законски дозволено, Opel ви дава пристап до оваа Страна земајќи во предвид дека Opel ja исклучува сekoja застапеност, гаранција или секој услов или правило (вклучувајќи ги сите услови предвидени со закон) кои би имале влијание врз оваа страница.
6. Одговорност
Opel и одговорните лица во Opel, директорите, вработени или агенти ја исклучуваат секоја одговорност или обврзаност за било која сума, загуба или штета кои може да ви биде нанесена вам или на трето лице (вклучувајќи без ограничување било каква директна или индиректна ,казнива или последнична загуба или штета или парична штета , штета на профит, добра воља, податоци, договори, употреба на пари, или загуба и штета предизвикани од или поврзани со прекин во работа и доколку се работи за деликт од небрежност (вклучително без ограничување, договор или слично) поврзан со Страната на било кој начин или поврзан со употребата, неможноста да се користи или резултати од употреба на Страната, други веб страни поврзани со Страната или материјалот на тие веб страни, кои вклучуваат но не се ограничени на загуба или штета предизвикана од вируси кои може да и наштетат на вашата компјутерска опрема, софтвер, податоци или друг имот заради вашиот пристап до, употреба на, или пребарување низ Страната или преземање на било каков материјал од Страната или други веб страници поврзани со Страната. Opel целосно се обврзува на одговорност во следниве случаи:
(a) смрт или лична повреда предизвикана од невнимание на Opel;
(б) измама или лажно презентирање;
(в) било која одговорност која неможе да биде исклучена или ограничена од закон
7. Валидни закони и законодавство
Било кое несогласување кое може да произлезе во врска со оваа Страна ќе биде судски разрешено и според законите на земјата основач на компанијата за меѓународна продажба на Opel.
1. Заштита на податоци
Opel ја почитува приватноста на секој индивидуалец кој ја посетува Страната. Оваа полиса ги покрива информациите кои Opel ги собира и чува, и нивното користење. Ве молиме прочитајте внимателно со цел да ги разберете нашите ставови и пракса поврзани со вашите лични податоци и како ги третираме истите.
Можеме да ги собереме и процесираме следниве податоци за вас:
Во некои случаи може да добиеме ваши информации кои лично не ве идентификуваат. На пример ваша IP адреса, вид на Интернет Пребарувач кој го користите, вид на компјутерски систем кој го користите или име на домејн на веб страна од која сте се поврзале на нашата Страна или реклама. Ова се статистички податоци за активностите и чекорите на нашите корисници и не врши идентификација на ниту еден поединец.
Од истата причина, кога ја гледате Страната можеме да зачуваме некоја информација на вашиот компјутер. Оваа информација ќе биде во форма на “колаче“ или сличен документ и ќе ни помогне на многу начини. На пример, Колачињата ни даваат можност да ја креираме нашата веб страна или реклама според вашите интереси или преференци. Кај повеќето Интернет пребарувачи можете да ги избришете Колачињата од хард дискот на вашиот компјутер , да ги блокирате или да добиете предупредување пред да се зачува некое Колаче.
Веб сајтот на Опел, праќањето на пораки по електронска пошта, онлајн услугите, рекламите и интерактивните апликации можат да користат “колачиња” и други технологии како веб водичи и пикселни ознаки.
Колаче е низа од исклучиво текстуални информации кои ние ги испраќаме на фајлот – колаче на пребарувачот на тврдиот диск на вашиот компјутер преку нашиот веб сервер. Ова овозможува на нашиот веб сајт да запамти кои сте вие кога ќе се воспостави врска помеѓу веб серверот и пребарувачот. Главната намена на колачето е да се идентификуваат корисниците и да се овозможи на нашиот веб сервер да ви презентира корисничко прилагодени веб страни кои вашето искуство со посетата на веб страната на Опел ќе го направат поблиско и посоодветно на вашите индивидуални потреби.
Опел и нашите партнери исто така користат колачиња и други технологии за да меморираат лични информации кога го користите нашиот веб сајт, апликации и онлајн услуги. Ова на пример со меморирање на информации кои претходно сте ги доставиле преку веб формулар.
Два типа на колачиња се користат на овој веб сајт:
Опел може понекогаш да користи трети странки – огласувачи кои ќе даваат реклами и ќе ја следат нашата маркетинг комуникација. Третите странки – огласувачи користат колачиња за да ја мерат ефективноста од рекламите и кориснички да ја прилагодат содржината на рекламите. Информациите кои би можеле да бидат собирани од третите странки – огласувачи може да содржат на пример геолокациски податоци или контакт детали како на пример адреси за електронска пошта.
Политиките за приватност на овие трети странки – огласувачи ќе ви овозможат дополнителни информации во врска со нивното користење на колачиња. Доколку сакате да знаете повеќе за примената на политиките на тие трети странки, можете да го посетите веб сајтот на Иницијативата за Мрежно Рекламирање, кој исто така дава информации за тоа како да прекине добивањето на сервисни информации за маркетинг цели.
Нашите веб сајтови и комуникацја по електронска пошта можат да содржат електронски слики познати како веб водичи или пикселни ознаки. Веб водичите и пикселните ознаки главно се користат од страна на технологии на трети странки како на пример Google Analytics, за да се надгледува активноста на посетителите на нашиот сајт.
Имате можност да прифатите или одбиете колачиња преку менување на подесувањата на вашиот интернет пребарувач. Проверете ги инструкциите на вашиот пребарувач или посетете го Сајтот За Колачињата за да дознаете повеќе како да ги измените подесувањата на вашиот пребарувач.
Имајте предвид дека определени функции на веб сајтот на Опел нема да бидат достапни штом колачињата се исклучени.
Доколку имате прашања, коментари во врска со оваа Изјава за приватност или доколку сте доставиле Ваши лични податоци преку овој сајт и сакате истите да бидат избришани од нашата датотека, ве молиме контактирајте не на:
Opel Southeast Europe Kft.
2040 Budaörs, Szabadság út 117, Унгарија
info@opelauto.com.mk
Адреса: 2040 Budaörs, Szabadság út 117, Унгарија
Реистрирно во Судот на општина Пешта
Регистерски број: 13-09-087612
ДДВ број: 10485611-2-44
Сликата може да прикажува додатна опрема.